Зимата не си оди: Еве каде низ Македонија вее снег во моментов

 

Магла со видливост до 30 метри има на Маврово и на планинскиот премин Стража, а на Ѓавато до 100 метри. Слаб снег провејува на Попова Шапка и на Стража, но не се задржува на коловозот. Во најголемиот дел од останатите места низ Македонија врне слаб дожд.

За денеска се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на места ќе бидат поројни проследени со ретки  грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат особено во југоисточните и јужните делови. Во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите постепено ќе се намалува. Ќе дува и умерен на места засилен ветер претежно јужен.

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега