Си ставиле бензин па си платиле со фалц пари

 

Велешката полиција поднесе кривична пријава против Р.З.(37) и Џ.З.(41), двајцата од селото Горно Јаболчиште, велешко, за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 05.09.минатата година велешаните на бензинска пумпа во Велес платиле со фалсификувана банкнота од 1.000 денари.

Подоцна кога од страна на вработената е пријавено делото, полициски службеници извршиле преглед над лицата и возилото, што го управувале, при што се пронајдени уште две банкноти од по 1.000 денари и по една банкнота од 500 и 100 денари, кои подоцна од извршеното вештачење е утврдено дека се фалсификувани.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега