ДА ПОМОГНЕМЕ: Да го обновиме домот на малите Михаил и Андонија

 

Домот на семејството Стојкови настрада во пожар, па родителите и нивните дечиња Михаил и Андонија изгубија се што имале во животот.

Апел до хуманите граѓани да им помогнеме и барем малку да им дадеме утеха во овие најтешки денови.

Потребна е облека машка и женска со големина xxl и м за родителите, а за дечињата машка облека со број 10, обувки број 33 и женска облека со број 5 и обувки 26.

На ова семејство им е потребен и мебел, покуќнина... Едноставно се.

Но најважно е да помогнеме со парични средства за барем малку да им се помогне во изградба на домот кој го изгубиле.

Оние кои се во состојба може да донираат на следната сметка:

Халкбанк 270-7000352102-70

Цел на дознака „Стојкови-за донација“.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега