Доктор Зафировски: Бронхопневмонијата кај децата треба навремено да се лекува

 

Бронхопневмонијата е потешка клиничка состојба, особено во детската возраст. Затоа при секоја ваква состојба мора да се има сериозен пристап, бидејќи дури и кај здрави луѓе, ако не се отпочне навремено лекување може да заврши со лош исход, вели доктор Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата- Козле.

Зафировски нагласува дека пациенти кои имаат и други сериозни хронични заболувања мора да бидат под надзор на стручни лица, како и дека треба да се направат сите потребни испитувања и да се почне со навремено лекување.

Тој воедно додава дека кога има појава на дополнителни компликации, пациентот мора да биде хоспитализиран во соодветна установа.

 

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега