Полицијата „удри" по кафулиња и кафеани во повеќе градови - какви неправилности откри?

Во периодот од 19 до 22 овој месец на подрачјето на Велес, полициски службеници заедно со инспектори од Управната за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола на угостителски објeкти во повеќе места од територијата. Во контролата опфатени биле 75 угостителски објекти од кои четири биле затворени, односно не работеле.
Така, на подрачјето на Велес контролирани се 27 угостителски објекти од различен вид при што не се констатирани никакви неправилности во работењето. Исто така и на подрачјето на Неготино и Демир Капија кај контролираните 23 објекти не се детектирани неправилности во работењето.
На подрачјето на Кавадарци и Росоман, пак, проверка е извршена во 25 угостителски објекти, а од извршената контрола во еден угостителки објект се констатирани два прекршока по Закон за заштита од пушење при што на сторителите им се издадени покани за наплата на глоба, а од страна на Пазарна инспекција и Управа за јавни приходи против правното лице како и одговорното лице на објектот издадени се платни налози за наплата на глоба и забрана за работа на објектот во времетраење од 15 дена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









