Обдукцијата покажа: Причината за смртта на малата Тамара не е сколиоза

Извештајот од извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска од Велес, синоќа бил доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по службено барање од инспекторатот, дознава Здравство24. Во извештајот е наведено дека директна причина за смртта на малата Тамара е бронхопневмонија (акутно воспаление на респираторните органи).
Како што изјави професорот Горазд Росоклија од Универзитетот Колумбија во САД, за случајот не е виновна Владата, бидејќи дете со 50% пулмонален капацитет и со бронхопневмонија, морало да биде однесено од страна на родителите да се лекува, а не да се чува дома, пренесува Здравство24.
Докторите објаснуваат дека кога бронхопневмонијата не се третира, може да доведе до смртен исход.
Извештајот од обдукцијата покажал дека причината за смртта не е искривувањето на рбетот или неизвршената хируршка интервенција.
Покрај бронхопневмонијата, обдукцијата утврдила и воспаление на крајниците, бронхитис, обструктивен бронхиолитис, реактивно воспаление на регионалните лимфни жлезди.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во извештајот од обдукцијата се наведени и неколку детали поврзани со редок синдром кој не бил претходно дијагностициран, и истите ќе бидат предмет на понатамошната истрага во основното јавно обвинителство, пишува Здравство24.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









