СДСМ се посрамоти: Цели штабови повпикуваа на протест, а собраа педесеттина луѓе

 

Граѓаните не ги поддржуват потезите на раководството на СДСМ предводено од Зоран Заев. Најголемата опозициска партија собра едвај педесеттина луѓе на вечерашниот протест пред Владата.

timthumb 1

 

Веднаш по прес-конференцијата на СДСМ, на социјалните мрежи се појави организирана иницијатива за протест пред Владата, зад која стои штабско организирање на СДСМ, што се виде и потврди од луѓето кои се собраа да протестираат.

Меѓу присутните пред Владата беа и братучедот на Радмила Шекеринска и дежурен протестант Никола Наумовски, познат на јавноста како активист на Плоштад Слобода и Распеани Скопјани, опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и неговиот брат.

Со ова, граѓаните му кажаа јасно и големо „не“ на Зоран Заев, па пред Владата не дојдоа ниту најзагреаните поддржувачи на СДСМ. Според познавачите, тоа е само уште еден доказ дека граѓаните не му веруваат на Заев и дека не се подготвени да поддржат политичари кои за лични и теснопартиски интереси влегуваат во соработка со странски служби на штета на македонските национални позиции.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега