Заев го закопа Бошкоски

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска сакајќи да манипулира, всушност на површина извади докази кои говорат за криминалот на Љубе Бошкоски, кој на незаконски начин со испрани пари ја финансирал својата изборна кампања.
Од разговорите кои ги посочи Заев, се гледа дека Бошкоски три пати земал "нечисти" пари. Имено, во моментот на полицискиот претрес кај Бошоски биле пронајдени 100 илјади евра, односно 10 туциња по 10 илјади евра испрани пари наменети за финансирање на кампањата.
Уште поскандалозно е што според разговорите кои ги посочи Заев, се обелоденува дека Бошкоски земал и претходно нечисти пари, односно на два пати вкупно 30 илјади евра за неговата кампања. Не е тешко да се предвиди дека просечната казна за вакво дело е 5 години, колку и што се споменува во разговорот.
Она што исто така е очигледно што Заев и медиумите на СОРОС ги испревртуваат и ги ставаат во манипулативен контекст искреираните материјали кои Заев денеска ги објави.
Медиумите блиски до СДСМ веднаш по прес- конференцијата излегоа со бомбастични наслови кои немаа никаква врска со содржината на разговорите и сите до еден ги прескокнаа информациите поврзани со криминалот на Бошкоски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









