Продуцентот Димитар Николов-Таки нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“

Продуцентот Димитар Николов-Таки, менаџер на дистрибутерската компанија „КТ-филм и медиа“, е нов директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Избран е на денешното Собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија што се одржа во Скопје. Функцијата ја наследува од Лабина Митевска која беше на чело на фестивалот во изминатите шест години.
- Ќе го водам фестивалот во нови победи, во една иднина што ќе биде уште подобра од досегашната, во која филмските професионалци ќе бидат издигнати на пиедестал што го заслужуваат, истакна новоизбраниот директор на фестивалот Николов-Таки и најави макотрпна и посветена работа во организацијата на престижната културна манифестација која секоја година се одржува под покривителство на претседателот на државата.
На денешното Собрание на филмски професионалци беа избрани и нови членови на Управниот одбор на ДФРМ, кои заедно со новоизбраниот директор ќе го подготвуваат новото, 36-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што наесен ќе се одржи во Битола.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









