Незири на економски самит во Бурса

Министерот за економија Беким Незири престојува во работна посета на Република Турција, каде ќе учествува на отворањето на 3. Меѓународен балкански економски самит, чија главна тема е „Општините и економскиот развој - соработка на Турција со Балканот“.
На самитот во Бурса, што се одржува под покровителство на Владата на Република Турција, министерот Незири ќе го претстави моделот на рамномерен економски развој во Република Македонија, овозможен со развојот на технолошко-индустриските развојни зони и можностите за инвестирање, како главен двигател на економскиот раст во земјава.
На економскиот самит во Бурса ќе учествува и градоначалникот на Општина чаир Изет Меџити, а најавено е присуство и на градоначалници од Косово, Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Грција. Поканети се и бизнисмени, пратеници, министри и претставници на невладини организации од Македонија.
Самитот го организира Здружението Румелисиад и градот Бурса.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








