Во понеделник ќе не шокираат новите цени на горивата во Македонија - пресметавме колку поскап бензин ќе возиме

И покрај намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, се поизвесно е дека од вторник во Македонија ќе возиме значително поскап бензин.
Американската лесна нафта за испорака во март на берзата во Њујорк поевтини за 1,46 долари на 50,68 долари за барел, пренесува Франс Прес.
Поевтини и северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува во Македонија и тоа за 98 центи на 69,55 долари за барел.
Проценките се дека неделниот извештај на американската агенција за информирање за енергетиката ќе покаже дека резервите скокнале за три милиони барели на 420,9 милиони.
Брокерите очекуваат растот на резервите да има негативен ефект на пазарот.
Она што е важно за нас е дека просечната цена на нафтата на светскиот пазар во 14 дневниот период во кој се формираа актуелните малопродажни цени на бензините во Македонија изнесуваше нешто над 51 долар за барел, што беше повисока за околу 4,5 долари по барел во однос на претходната просечна цена врз основа на која регулаторите ја правеа пресметката.
Во моментов, цената на „брентот“ е 69,55 долари за барел, што е за над 18 долари повисока сума од претходната. Ако се има предвид дека просекот би бил некаде околу 55 до 60 долари, поскапување од 5 денари по литар за горивата во Македонија нема да биде изненадување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









