Почна пријавувањето за „Поклонение на Свети Теодор Тирон“

 

Општина Крива Паланка го објави огласот за пријавување на учесниците за годинашната манифестација „Поклонение на Свети Теодор Тирон“ која ќе се одржи на 1 март 2015 во дворот на црквата „Св.Теодор Тирон“ во село Конопница.

Манифестација „Поклонение на Св.Теодор Тирон“ се организира од општина Крива Паланка, Националната установа Центар за култура и месната заедница на село Конопница, во соработка со Кривопаланечкото архиерејско намесништво на Македонската православна црква-ОА.

Обичај е невестите што се омажиле меѓу двете Тодорици, да ја облечат својата венчална носија и со своите свекрви да се поклонат пред храмот на светецот за да бидат благословени од свештенослужителите. Поради тоа, снаите и свекрвите за учество на манифестацијата треба да бидат облечени во носиите од нивните баби и мајки, со што ќе им ги пренесат традициите на  нивните ќерки и внуки. Тоа претставува дел од автентичното прославување на Тодорица, која е празник на селото Конопница, а светецот Теодор Тирон е заштитник на младите и породот.

Од локалната самоуправа ги повикаа сите нововенчани млади невести од регионот и пошироко, кои стапиле во брак меѓу двете Тодорици, заедно со своите свекрви да го пријават своето учество на манифестацијата, најдоцна до 27 февруари. Пријавувањето може да се изврши секој работен ден во просториите на локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Обичајот на поклонување на невестите пред светецот Св.Теодор Тирон е обновен по 33 години, а ова е шеста година по ред како се одржува. Во 50-тите години од минатиот век имало и по стотина невести од целиот крај кои доаѓале на поклонение

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега