Хан: Се надевам на значаен прогрес за европерспективата на земјата

 

Се надевам дека на крај ќе постигнеме значаен прогрес за европската перспектива на земјата. Понекогаш е подобро да се имаат интерни разговори со цел да се постигне напредок.

Ова го изјави еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, по средбата со премиерот Никола Груевски.

Хан не кажа детали за разговорите.

Груевски по средбата во резиденцијата на ЕУ рече дека го информирал Хан за сите случувања во Македонија. 

- Ова беше добра можност во еден подолг разговор да го информирам комесарот за сите случувања, за сите наши чекори што ги правиме за различни сектори - во економијата, во сите други сектори и да слушнам како тие гледаат на тоа и што очекуваат од нас. Исто така, поразговаравме и за актуелната политичка ситуација. Го кажавме она што е вистината, односно она што се случува, истакна премиерот Груевски.

На прашањето дали има предлог од Хан за надминување на кризата, премиерот одговори дека не станало збор за тоа, туку дека биле разменети мислења.

По средбата со премиерот Груевски, Хан попладневно треба да се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претходно, денеска тој беше примен од претседателот Ѓорге Иванов и имаше средби со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и со лидерот на СДСМ  Зоран Заев. Еврокомесарот Хан е во прва посета на Македонија.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега