Заврши рокот за пријавување штети од поплавите во Прилепско

 

До 13 февруари, крајниот рок за поднесување барања за надомест за штетите од поплавите во Прилепско доставени се 221 барање до Комисијата за елементарни непогоди.

Претседателот на Комисијата Александар Неделкоски информира дека најголем дел од пријавите се за земјоделско земјиште и уништени житни култури. Комисијата, додаде тој, треба да изготви посебни записници и да ја констатира штетата.

- Педесеттина барања се за штети на градежни објекти, поплавени подруми, дворови, а останатите барања се за штети на земјоделско земјиште и уништени житни култури. Во прилепско под вода биле околу 1.000 хектари. Главно се опфатени критичните села: Тројкрсти, Ерековци, Клепач, Тополчани, Канатларци, Чепигово, Кадино село, изјави Неделкоски.

Подкомисиите, информира тој, досега направиле записници за штетите во селата Ерековци, Канатларци, Кадино село и Клепач. Комисијата соопшти дека на процена на штетите ќе работат најмалку уште две недели.

Според Центарот за управување со кризи, во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени под вода биле 2.500 хектари, од кои околу 1.000 во Прилепско.

Од Центарот за јавно здравје потврдија дека нема никакви проблеми со водата за пиење. 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега