Телефонот постојано ѕвони - 22.661 повици на „Ало докторе“

 

Вкупно 22.661 повици во изминатите пет месеци имало на телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“.

Здравствен дом Скопје соопшти дека во изминатите седум дена (од 9 февруари до 15 февруари) за медицинска помош на линијата се јавиле 1.210 граѓани.

Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет на линијата, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им била дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија, кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, зголемена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка. 

Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на Јавните здравствени установи.

На линијата денеска од 18 до 22 часот дежурна ќе биде проф.др.Лидија Чевревска од Клиниката за хематологија, а утре проф.др.Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.

На 18 февруари во кол центарот „Ало докторе“ дежурен ќе биде доктор Ристо Симеонов од Клиниката за детска хирургија, на 19 февруари доктор Емилија Велкова од Републички завод за трансфузиологија, на 20 февруари проф.др. Зоран Спировски, директор на Клиниката за торакално васкуларна хирургија, на 21 февруари проф.др.Игор Кузмановски, директор на Клиниката за неврологија, а на 22 февруари проф.др. Александар Чапаровски од Клиниката за неврохирургија. 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега