Неготино ќе формира тело кое ќе ги советува лозарите

 

Во Неготино ќе се формира тело од стручни лица кое ќе ги следи состојбите на терен особено со климатските промени и ќе ги информира земјоделците околу тоа кои агротехнички мерки треба да ги преземат за да го заштитат својот род.

Ова денеска го најави неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов, на празникот на лозарите, винарите и овоштарите, Свети Трифун.

- Иницирам формирање на координативно тело на ниво на општина Неготино составено од стручни лица од областа на лозарството и од подрачната единица на Министерството за земјоделство и Агенцијата за поттикнуивање на развојот на земјоделството и земјоделци, кои најдиректно ќе ја следат состојбата со лозовите насади на терен и благовремено ќе даваат инструкции за лозарите за потребата од правилно и навремено преземање на агротехнички мерки, рече Апостолов.

Причина за вакво нешто се поизразените климатски промени кои се повеќе влијаат врз родот на земјоделските култури, а го преполовија и ланскиот род на лозјата.

- Убеден сум и верувам дека секој совет од страна на стручните лица ќе биде добредојден за лозаропроизводителите и со тоа ќе се постигне основната цел, производство на квалитетно и здраво грозје. Здравиот и богат род пак е основен предуслов за валоризирање на вложениот труд од страна на лозарите. Винариите пак ќе имаат можност да направат квалитетни вина и ракии кои ќе се пласираат на пазарите во земјава и странство, нагласи Апостолов.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега