Претседателот на српскиот Парламент во посета на Македонија

На покана на собранискиот спикер, Трајко Вељаноски, денеска во официјална посета на Република Македонија ќе престојува Маја Гојковиќ, претседател на Народното собрание на Република Србија, а двајцата ќе остварат тет-а-тет средба, по што е предвидено претседателот на Народното собрание на Република Србија да се потпише во книгата за впечатоци
За време на посетата Гојковиќ ќе има средба и со Емил Димитриев, претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија и со членовите.
Претходно, ќе се одржи церемонија на положување цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









