Мечевска е приклучена на апарати за дишење - нови детали

Робертина Мечевска се наоѓа на КАРИЛ и е приклучена на апарати за дишење. 30 годишната репрезентативка е оперирана и санирана и е слезината, но борбата за нејзиниот живот продолжува, објави Канал 5.
Директорката на КАРИЛ Тања Спировска изјави дека Мечевска има многу скршеници, нагмечување на белите дробови и серизони повреди на рбетот и ребрата.
Мечевска се здоби со тешки повреди по пад од петтиот кат од нејзиниот стан во скопската населба Аеродром. Синоќа полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата и засега нема траги на насилство. Во моментот на падот, во станот биле и нејзините родители.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









