Рецепт за највкусниот сос за пица

 

Кога и да сте јаделе пица може секогаш сте се запрашувале како се прави тој вкусен сос па конечно дојде крај на тие прашања. Еве што ви е потребно. 

Состојки:

  • 300 г доматно пире
  • 1/4 кафена лажичка оригано
  • 1/2 кафена лажичка босилек
  • 1/2 кафена лажичка магдонос
  • 2 чешниња лук
  • малку сол
  • малку црн пипер
  • малку вода

Подготовка:
Ситно исечканите зачини и лукче ставете ги во подлабок сад, додадете го доматното пире и добро измешајте. Ако сакате сосот да ви биде поредок, разблажете го со малку вода.
Забелешка: премногу сос може да го разлигави тестото. Еден од начините како да го избегнете ова е прво малку да го запечете само тестото, а потоа врз него да го ставите сосот и останатите состојки.

Извор: Хит кујна 

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега