Нема веќе опасност - велешани може да здивнат

 

Нивото на реката Вардар во Велес денеска се повлекува и нема опасност од повторно излевање. Како што информираат од Регионалниот Центар за справување со кризи, отстранети се гранките околу носечките столбови на велешките мостови.

- Синоќа околу 20 часот беше исчистен мостот на реката Вардар кај Башино село, кој е на еден од влезовите во Велес и повторно е пуштен во сообраќај, информира Влатко Добревски, дежурен во Регионалниот центар за справување со кризи.

Поради поплавите во велешката населбата Речани, лоцирана кај во бавчите во непосредна близина на градот, а покрај реката Вардар, вчера со излевањето на реката беа поплавени десетина куќи во населбата. Веднаш потоа осум лица беа евакуирани од нивните домови во соработка на Кризниот штаб и екипи на општина Велес.

 

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега