Граѓаните се кренаа на нозе: Македонија не вика - да застанаме сите на браникот на татковината

 

Ние граѓаните на Република Македонија, обединети и сплотени во Граѓанското движење за одбрана на Македонија, следејќи ги светлите традиции  на нашите претци, кои низ вековите несебично го давале својот живот за македонската кауза, повикуваме на будност и одбрана на нашата татковина. Поединци, групи и партии, понесени од својата алчност за власт, не бираат средства и ги поткопуваат темелите на правната држава.

Суверенитетот на Република Македонија произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Власта во сите демократски држави се добива и се губи на избори. Само граѓаните на Македонија одлучуваат за Македонија. Не смее да се дозволи ниту еден граѓанин ниту еден наш човек да биде инструмент на било кој странски интерес.

Силно и недвосмислено го осудуваме секој обид за дестабилизација на нашата татковина и сите замешателства на странските служби и интереси во нашите домашни работи. Меѓу нас може да има битки, натпревари, судир на концепти, на интелектуална мисла, но никако во тие наши македонски работи не треба и не смее да се користи логистиката и подметнувањата на странските служби.

Низ целата наша историја, а за жал и ден денес, странските служби и странските пропаганди се рак рана на Македонецот. Интересите на странските служби секогаш се спротивни со нашите македонски интереси и затоа треба принципиелно и решително да се отфрлат, а било какво сојузништво со странец против Македонец  да се осуди од целото општество.
Ние сакаме мир и стабилност во нашата држава и нема да дозволиме поделба на македонското национално ткиво по ниту една основа. Ние сакаме напредок на општеството и државата во секоја сфера и затоа решително ќе го обезбедиме тој демократски простор. Ќе го победиме стравот, паранојата, немирот и нестабилноста кои ни ги сервираат однадвор.

Го осудуваме и жестоко се спротивставуваме на секој обид за одземање на нашата слобода и мешање во нашата приватност преку незаконски средства и методи. Се противиме на секој обид за заплашување на нацијата преку закани и уцени со поседувања на наши приватни и интимни телефонски разговори. Нема да дозволиме некој да го нарушува мирот на нашето семејство, нашиот народ и нашата нација.

Ги повикуваме сите граѓани да се стават на браникот на Татковината. Сега Македонија не вика нас, сега треба да покажеме и храброст и мудрост, ама најмногу да покажеме дека Македонија и Македонецот не се веќе и нема никогаш  да бидат монета за поткусусрување на странските интереси, држави и служби.

Ги повикуваме сите граѓани до конечна победа на граѓаните! Заедно ќе продолжиме да ја шириме нашата кауза насекаде низ Македонија, во секое село и во секој град, во секоја улица и во секое срце. Тоа им го должиме на нашите претци но и на нашите идни поколенија.

Македонија ќе победи! Да живее Македонија!

(Интерален текст од платформата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија)

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега