Најмладите од Охрид со помош за своите врсници од земјава

Во рамките на проектот „Од дете за дете“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика, родителите и Центарот за социјални работи, реализира хуманитарна аукција на меки кукли.
Собраните средства во текот на денот, во форма на вода за пиење, во соработка со АД „Пелистерка“ ќе бидат дистрибуирани во градинките „Вера Циривири-Трена“ и „Астибо“ од Штип.
-Со надеж дека барем малку ќе им помогнеме на нашите другарчиња во градинките од Штип, во текот на наредните неколку дена во соработка со Црвениот Крст ќе се реализира собирна акција на парични средства од родителите и вработените во градинката кои ќе бидат наменети за поплавените подрачја од нашата Република, велат дечињата од Охрид.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









