Костадиновски: Државата ќе стори се за да им помогне на земјоделците - да се следат препораките

 

Одгледувачите на домашни животни да ги следат препораките од Агенцијата за храна кои се однесуваат на правилно и навремено постапување во случај на поплави, а земјоделците, веднаш по стабилизирањето на состојбата, да се обратат до стручните служби за агрохемиска анализа на почвата што ќе овозможи преземање соодветни мерки.

Ова го порача заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски откако денеска во градинката „Срничка“ во Аеродром донираше органски производи.

Одговорајќи на новинарско прашање, Костадиновски нагласи дека од поројните дождови што ја зафатија Македонија најпогодени се Пелагонија, штипско-карбинскиот регион и Струмичко. Настрадаа главно есенските посеви, раноградинарските култури и дел од добитокот. Проценките на настанатите штети се во тек, а државата ќе стори се за да им помогне на земјоделците.

- Сите што се погодени од поплавите треба да ги пријават штетите во општините. Кога ќе се стабилизира состојбата, ќе излеземе со конкретен изваштај и анализи со цел да донесеме мерки кои ќе бидат од корист на жителите, истакна заменик-министерот.

Се вложуваат, додаде, максимални напори за да се спречи настанувањето поголеми штети. Преку месните кризни штабови, општинските власти и подрачните единици на Министерството особено во кризните подрачја, неопходно е да се мобилизираат сите, зашто одбраната од поплавите само во тој случај би била најефикасна.

- Поплавите се природна појава која можеме да ја надминеме само ако делуваме здружено, заеднички, подвлече Костадиновски.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега