Нема повисоки плати, казните за екстерното се одложуваат - падна договор меѓу СОНК и Владата за прекин на штрајкот

Повисоки плати нема да има, казните за екстерното тестирање се одложуваат и за нивното спроведување ќе се решава во иднина но не за повеќе од еден месец. Ваков договор неофицијално е постигнат на разговорите меѓу СОНК и Владата кои резултираа со прекин на штрајкот. Се стопираат до сега изречените казни и ќе се олеснува педагошката евиденција.
Press24 се обиде информациите да ги провери и во СОНК и во Министерството за образование и наука, но и двете страни не се достапни за коментар.
Неофицијалните информации велат дека во иднина останува простор да се разговара и за зголемување на платите на просветните работници.
Барањето на СОНК беше зголемување на платите за 25%, што спроед она што го изјави премиерот Никола Груевски е нереално.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









