Андонов: За странските тајни служби монтажата на разговорите е многу лесна работа

 

За странските тајни служби монтажата на разговорите е многу лесна работа, истакна во вестите на Сител телевизија професорот Оливер Андонов.

- Се смета дека помеѓу 2.500 до 3.000 зборови еден човек во периодот од недела до месец дена употребува во својот секојдневен вокабулар и секојдневните разговори, така што секако тоа е многу лесно – еден оспособен техничар со доволно современа опрема да прави комбинации, а посебно следејќи ги позадинските звукови и форми, линијата на тонот на гласот, бојата на гласот, вели Андонов.

Странските разузнавачки служби за свои цели имаат можност да снимаат и следат насекаде во светот.

-Од нивен аспект гледано тоа дури е  легална работа, за тоа постојат службите за безбедност за да работат и на странска територија, посочи Андонов.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега