Велинов: За монтирање на аудио-разговор не е потребна скапа опрема и високо техничко знаење

 

Во врска со случајот „Пуч“ во кој лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија е осомничен за учество во шпиунажа за странски служби и структури, професор Горан Велинов од ФИНКИ за време на неговото гостување во вестите на Македонската телевизија појасни кој се може да да направи аудио-монтажа.

-Аудио записите можат многу полесно да се креираат, односно модифицираат, а за таа намесна постојат голем број на софтверски алатки и дел од нив може да се симнат бесплатно од интернет, некои од нив се комерцијални производи наменети за професионалци, рече професор Велинов.

Тој вели дека за тоа не секогаш е потребна скапа опрема а лицата не мораат да имаат високо техничко знаење.

-Тоа значи дека тие монтажи можат да бидат направени во домашни или во импровизирани услови, појасни Велинов.

Целото гостување на професорот Горан Велинов во вестите на МТВ во продолжение.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега