Одбележување 143 години од раѓањето на Гоце Делчев

 

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева, по повод одбележување на 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер, национален херој и великан Гоце Делчев, утре во 11 часот во црквата Св.Спас, ќе положат цвеќиња на неговиот гроб.

Официјална делегација од Советот на Град Скопје, утре во 12 часот цвеќиња ќе положи и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ и во 12:30 часот на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега