Народот бесен на Заев: “За да дојдеш на власт ќе си ја продадеш и својата кожа“ (ВИДЕО)

Граѓаните се шокирани од случајот „Пуч“во кој лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија е осомничен за учество во шпионажа за странски служби и структури. Македонските граѓани во анкета за Алфа телевизија велат дека ова е голем срам за Заев и дека е недозволиво некој да си игра со државата.
- Треба да му се заблагодари пред се Заев на Груевски што го чекаше толку време и што во моментов не превзема никакви мерки, вели еден од анкетираните.
- Македонци сме, а да се убиваме меѓу себе тоа е срамота. За да дојдеш на власт ќе си ја продадеш и својата кожа, прво детето го продаваш, па после тоа другите и тоа што Зоран Заев го направи е најголем срам, смета друг анкетиран граѓанин за Алфа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









