ЕКСКЛУЗИВНО: Се појави ново видео од разговорот меѓу Груевски и Заев

Пред неколку минути се појави ново видео на YouTube на кое тонот е снимен со подобар квалитет и на кое може повторно јасно да се слушне дека Заев снимките ги добил од странски служби.
Пред само два дена Заев на прес-конференција го тврдеше спротивното, дека материјалите кои ги поседува се домашни, но оваа снимка директно го демантира тоа. Заев во саботата тврдеше дека “нема никакви странски служби и дека доказите се добиени од чесни граѓани и службите на Груевски, кои вистински се грижат за иднината на Македонија“. Сепак, вистината е поинаква, Заев е фатен на дело како ја манипулира јавноста.
Откако МВР ги објави деталите за акцијата Пуч, во своето јавно обраќање Груевски рече дека од Заев добил информација дека од странска разузнавачка служба добил снимени компромитирачки телефонски разговори на највисоки државни функционери, на новинари и на други политичари. Оваа снимка го потврдува тоа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









