Четиринаесет заболени од грип во Крива Паланка и Ранковце
Од почетокот на годинава на територијата на општина Крива Паланка и општина Ранковце се регистрирани вкупно 14 лица заболени од грип, информира доктор Елена Крстевска од Подрачното одделение на Центарот за јавно здравје од Крива Паланка.- Сезона е на појава на грип, а бројот од четиринаесет лица со грип регистрирани во првите пет недели од годинава очекуваме да расте месецов. Лани во јануари биле регистрирани 22 лица заболени од грип, додека во февруари бројот достигнал до 36, изјави Крстевска.
Таа додаде дека во 2014 година од вкупно 66 лица заболени од грип, само во првите 20 недели од годината се регистрирани 59, додека останатите седум лица заболеле до крајот на годината.
- Заболените од грип во минатата година и годинава се претежно пациенти со хронични заболувања. Сите 14 лица се на возраст од 15 до 64 години, рече Крстевска.
Оцени ја веста
02.02.2015 - 19:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









