ВАЖНА ВЕСТ: Неготинчани, не пијте вода без да ја превриете!

 

 

Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија Тиквешијата изминатите денови придонесоа да дојде до заматување на водата за пиење која до граѓаните на општина Неготино доаѓа од регионалниот водовод Лукар, информираше денеска директорката на јавното претпријатие „Комуналец" од Неготино, Наташа Лазова. 

- Врз основа на направените согледувања и мерења на нејзината заматеност, ги информираме граѓаните на општина Неготино дека е неопходно и се препорачува водата за пиење пред нејзината употреба задолжително да се преврива, соопшти таа. 

Лазова додаде дека и покрај зголеменото присуство на хлор во водата од Лукар, сепак водата е сеуште заматена и токму затоа е потребно нејзино превривање пред употреба.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега