Каракамишева: Луѓето од опозицијата кои вака ја сфаќаат политиката би било опасно да дојдат на власт

 

Судска разврска за случајот во кој четвртоосомничен е Зоран Заев ќе има, но она што не можеме да го заборавиме е црната дамка од мастило која е фрлена врз сите нас без разлика дали се работи за граѓани кои ја поддржуваат или не ја поддржуваат власта.

Ова го изјави професорката Татјана Каракамишева синоќа во „Акцент на МРТ“ каде сликовито посочи дека сите се наоѓаме во истиот казан и сите ќе ја сркаме истата чорба.

-Во политиката има многу луѓе кои се на повисоко ниво во политичка култура, во политичка писменост, но заради одреден сплет на околности или несреќен случај, избрана е одередена гарнитура во опозицијата која што не може да се носи со предизвикот да биде политички лидер, рече Каракамишева.

Според професорката, опасно би било СДСМ да дојде на власт затоа што луѓето од опозицијата на таков начин ја сфаќаат политиката и демократијата.

-Она што последно како фраза или флоскула го слушнавме – враќање на слободата, враќање на демократијата, на владеење на правото...Дали е свесен тој човек дека прв кој што го крши владеењето на правото и слободата е токму тој. Ако за него е владеење на правото ваков начин на постапување, ако слободата ја замислува на ваков начин и демократијата, тоа значи изборната демократија и уставната демократија, тогаш ние имаме сериозен проблем со опозицијата во целост. Затоа што тој е лидер на опозицијата. Јас навистина не би сакала, дури ни на сон, ваква политичка  гарнитура, која што на ваков начин ги сфаќа сите овие демократски вредности да дојде и да практикува власт, затоа што е дефинитивно искривување на сите вредносни норми и стандарди врз кои што почива меѓународното право, европското право, македонското право. Всушност, директно прави атак врз темелната вредност на уставниот поредок, заклучи Каракамишева.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега