ВДИЕО: Ексклузивни детали за материјалите со кои се фалел Заев дека ќе ја сруши владата

- Метафорично кажано, на Заев некој му дал базука. И место да оди да пука, он сабајлето ја зема базуката и оди по маало, се шета, се фали, на некој самопослугата му ја изгорел. И сега кога доаѓа ред да дојде со базукава пред Премиерот и да рече: оружјево е тука, или те утепувам или ти е готова власта - он веќе незнае што да прави, изјави уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас за МРТВ.
- Дали некој размислува што како контра услуга било побарано за овие материјали. Нема мафија која за нешто бесплатно те части. Кога влагаш во ваква игра- државата да оди курбан за нечиј странски интерес...Дали знаете колку државии одеа курбан за да се формира Исламската Држава?- праша Мирка Велиновска.
Документите, снимките и податоците со кои лидерот на СДСМ Зоран Заев им се заканувал на своите сопартијци и на премиерот Никола Груевски се систематизирани на англиски јазик, податок со кој Заев се фалел пред своите сопартијци дека ја има меѓународната поддршка за уривање на власта на Никола Груевски. Ова го потврдија извори од СДСМ на кои Заев им се фалел по лидерските средби со Груевски.
- Му реков или техничка влада и избори или ќе објавам се. И му кажав дека имам еден тон материјали и да не се залажува дека знае што имам, оти овие материјали се од странски служби, на англиски се - го цитираат партиски извори од СДСМ нивниот претседател кој самоуверено прераскажувал се од лидерските средби со Никола Груевски. Дека материјалите од бомбата лидерот на СДСМ ги користел за застрашување на кандидатите за пратеници кои одбиле да бидат дел од бојкотот на Собранието, потврдуваат најмалку двајца од листата на СДСМ чии имиња и се познати на редакцијата на Вечер
- Ми рече – не се занесувај, седи мирен да не се каеш, и тебе те има во материјаливе, чекај, полека, ќе ги срушиме, готови се со ова што го имаме од странците- наведуваат кандидати за пратеници од листата на СДСМ.
Кога сакаш да одиграш за крупен играч како што е странска разузнавачка служба или се обидеш да бутнеш премиер треба да бидеш малку подисциплиниран и да следиш што значи тоа, посочи уредникот на Сител телевизија Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Акцент" на МТВ.
Прислушкување од тој обем за каков што збори лидерот на СДСМ Зоран Заев не може да се направи од домашните служби. Според Латас, материјалот по обем, по квалитет и по опис е создаден од стручна служба.
-Он постапката не ја спровел, тоа значи дека го прецениле тие кои му ги дале материјалите, не е тој играч за ова. Материјалот по обем, по квалитет, по опис, по методологија, материјалот е создаден од стручна служба. Тој материјал не е најден и даден од некој службеник од МВР што дошол случајно. И по обем не може да биде. Сите да собираат во МВР, им треба година две да соберат толку материјал, вели Латас.
- Метафорично кажано, на Заев некој му дал базука. И место да оди да пука, он сабајлето ја зема базуката и оди по маало, се шета, се фали, на некој самопослугата му ја изгорел. И сега кога доаѓа ред да дојде со базукава пред Премиерот и да рече: оружјево е тука, или те утепувам или ти е готова власта - он веќе незнае што да прави.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









