Македонците од Австралија згрозени од предавството на Зоран Заев

 

Македонците во диjаспората, во Авsтралија и Викториа сме крајно згрозени и разочарани од  однесувањето на претседателот на СДСМ  Зоран Заев и најновите настани што ја опкружија целата светска јавност, за  предавство што се случи во најновата македонска историја, за прв пат политичар од Р.Македонија се продаде најевтино на странски служби само за да  дојде до власт, реагираат Македонците од Австралија.

-Зоран Заев во соработка со странските тајни служи работи против интересите на Р. Македонија, ова не е срам само за Заев и за СДСМ ова е срам и за нашата татковина Македонија, а со тоа ние во диаспората го губиме нашиот долгогодишен углед во меѓународната политичка јабност,стекнат со лобирајне за признаване на уставното име,јазик, култура и достоинство. Ова е најдолниот чин на политичко оденсување од страна на било кој политилар во Р. Македонија досега, довербата на граѓните се засужува на избори, а не преку уцени и закани до највиските државни органи, го продаде македонското достоинство, сопствениот народ и споствената држава. Затоа во името на Советот на Децата Бегалци од Егејска Македонија за Мелбурн и Викториа, бараме да се преземат најстроги мерки и казни според Уставот и Законите на Р.Македонија,  спрема лицето Зоран Заев и сите останати кој го прекшиле, се вели во писмото испратено од претседателот на Советот на Децата Бегалци од Егејска Македонија, Јанко Калинчев.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега