Обединетите Македонци од Канада со осуда за постапките на Заев

Организацијата на Обединетите Македонци од Канада во своето писмо изразуваат длабоко разочарување за последните постапки од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
- Постапките на Зоран Заев се само еден континуитет на оваа партија и нивните претходници, кои во поранешниот систем не гонеа од Македонија заради нашите идеали за самостојна држава, не шпионираа тука во дијаспората, ни испраќаа разни емисари да не следат и да прераскажуваат за нашите активности, и за жал ги убиваа оние најнеподобните. Континуитет на една политика на продажба на националните интереси, промена на нашиот устав и гордоста на секој Македонец, нашето знаме со шеснаесет кракото сонце. Не фиромизираа сите до последен. Уште ова фалеше да си го запишат во книгата на срамот. Срам не само за него лично, за неговата партија, туку срам за секој Македонец и за нашата татковина. Можеме само да се молиме за нив и нивните гревови. Господи прости им, не знаат што прават, се наведува во писмото.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









