Бесплатни курсеви во општина Илинден- едуцирајте се и заштитете го своето здравје

Културно едукативниот центар „Илинден“ веќе десет години ја извршува својата едукациска дејност во рамките на општина Илинден. Својата успешна работа, Центарот „Илинден“ оваа година ја проширува со отварање на нови бесплатни курсеви по англиски и германски јазик за сите возрасни жители на општината.
-Покрај новите бесплатни курсеви по англиски и германски јазик за сите заинтересирани возрасни жители на општина Илинден, се воведуваат и нови курсеви по Јога и Чи Гонг, како превентива и одржување на доброто здравје. Позитивното и превентивното делување кога се практикуваат овие физички дисциплини го покажува и фактот што и на Универзитетската Клиника во Минхен, Германија се вклучени во нивната програма за превентива и лекување, истакна градоначалникот на Илинден Жика Стојановски.
Сите заинтересирани возрасни жители на општина Илинден може бесплатно да ги посетуваат овие курсеви, а уписите ќе се извршуваат секоја сабота од 9 до 12 часот во ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден, ОУ „Ристо Крле“ во Кадино и ОУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци.
Бесплатните курсеви по англиски, германски, италијански, шпански, француски и кинески јазик, гитара, сликарство, јога, модерен балет, фолклор, народно пеење, фотографија, актерска игра и креативно пишување ги посетиле над 5.000 уленици на возраст од 8 до 16 години.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









