Иванов во Софија на погребот на Жељу Желев

 

Денеска претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува во Софија на погребот на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

Желев во 2010 година беше одликуван од претседателот Иванов со Орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија од страна на Република Бугарија.

Во писмото со сочувство од претседателот Иванов испратено до бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, се наведува дека Желев бил докажан пријател на Република Македонија, но и негов личен пријател.

- Република Македонија никогаш нема да ја заборави неговата улога во процесот на меѓународното признавање под нејзиното уставно име. Ние остануваме благодарни за неговиот личен придонес во воспоставувањето, развојот и зацврстувањето на односите, меѓусебното почитување и разбирање меѓу нашите две држави и народи, се вели во писмото.

По завршувањето на претседателската функција, Желев го предводеше Балканскиот политички клуб, во чија работа активно беше вклучен и претседателот Иванов.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега