„Ројтерс“ пишува за акцијата „Пуч“ во Македонија

Балканските и светските медиуми посветуваат голем простор на вчерашната акција „Пуч“ во која меѓу обвинетите е и лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Ројтерс во насловот „Македонскиот опозициски лидер обвинет дека со заговор сака да ја преземе власта“ пренесува дека Заев ги негира обвинувањата, со изговор дека власта на овој начин се обидува да го спречи да ги објави доказите што ги поседува.
„Груевски кој е на власт од 2006 година го обвини Заев дека со уцени сака да предизвика предвремени избори и сето тоа во соработка со разузнавачки агенции. Заев со месеци се закануваше дека ќе го објави она што го поседува и дека тоа е доказ за криминалните малверзации од страна на владата кои можат да им наштетат на меѓуетничките односи во Македонија“- пишува Ројтерс.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









