Притвор за сопругата на Верушевски и функционерот од Струмица - Заев секоја недела во суд
![]()
По 30 дневен притвор добија сопругата на екс- директорот на УБК, Зоран Верушевски и функционерот од Струмица, Бранко Палифров. На Зоран Заев му е изречена мерка одземање на пасошот, и треба еднаш неделно да се пријавува во струмичкиот суд.
Со полициска акција спречен е обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско превземање на власта. Приведени се тројца. Првоосомничен е екс-директорот на Управата за безбедност и разузнавање, Зоран Верушевски, кој е веќе во притвор. За претседателот на СДСМ, Зоран Заев е поднесена кривична пријава.
Оцени ја веста
31.01.2015 - 23:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









