ФОТО: Мирен и достоинствен протест на револтираните од постапките на Заев
![]()
И покрај дождот, над 3.000 граѓани излегоа на спонтан собир пред споменикот на бранители да го изразат својот револт поради, како што самите скандираа, предавничкиот однос на лидерот на опозицијата, по што се упатија пред седиштето на СДСМ.
Револтираните од постапките на првиот човек на опозицијата Зоран Заев мирно и достоинствено го искажаа своето незадоволствио. Иницијативата која тргна од социјалните мрежи доби на масовност пред Собранието, по што толпата се упати кон седиштето на СДСМ.
![]()
Граѓани од различна верска и национална припадност, членови на различни политички партии мирно протестираа на Бихаќка. Според информациите од терен, полицијата професионално ја дистанцирала групата на неколку стотици метри од седиштето на СДСМ, каде револтот беше изразен на мирен начин.
Според иницијативата тие се „обединуваат против внатрешниот непријател“. Ваквиот протест доаѓа откако премиерот Груевски објави дека опозицискиот лидер Заев за да дојде на власт соработувал со странски тајни служби и се заканувал дека ќе го урне уставниот поредок.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









