Груевски: Вистината ќе излезе на виделина, спремен сум и ќе одговорам на сите прашања во судска постапка
Претседателот на Владата Никола Груевски во своето обраќање до граѓаните рече дека спремен е да одговори на сите барања во судска постапка, откако МВР денеска поднесе кривична за Зоран Заев за насилство, шпионажа и недемократско преземање на власта.
-Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот и да ги гледате доказите, да ги препознаете шпекулациите. Од денес ќе слушате секакви шпекулации, но вистината за се ќе излезе на виделина, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









