Груевски: Заев ми потврди дека прибавил снимени телефонски разговори од странска разузнавачка служба

 

Премиерот Никола Груевски во своето денешно обраќање до јавноста посочи дека лидерот на СДСМ му потврдил дека прибавил снимени телефонски разговори од странска разузнавачка служба.

Како што потенцираше македонскиот премиер, во периодот помеѓу септември и ноември 2014 година остварил 4 средби со Заев, претседател на СДСМ. Првата средба беше иницирана на негово барање, а понатамошните беа поврзани со првата.

-На овие средби господин Заев побара од мене итно формирање на техничка влада и притоа ме информираше дека во соработка со одредена странска разузнавачка служба прибавил снимени телефонски разговори речиси од цел државен врв, тргнувајќи од претседателот на државата, парламентот, владата, медиумите и други политички јавни лица од власта и опозицијата. Го прашав дали е сигурен во тоа што го говори и дека е тоа странска разузнавачка служба, добив потврдни одговори. Тој раскажа неколку телефонски разговори за кои констатиравме дека дел се точни, дел половично точни и дел неточни. Сепак, фактот дека дел од нив беа точни укажуваше на сериозноста на ситуацијата. Во наредни денови и недели почна јавно да говори дека поседува таков материјал, што ја засили заканата за нас и кон нас, дека ако не прифатиме формирање на техничка влада ќе го објави материјалот, рече Груевски.

Груевски рече дека не може да верува дека човекот кој сака да ја води државата не крие дека соработувал со странски разузнавачки служби.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега