Едукативна работилница на ФЗОМ со пензионерите во Штип
Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска одржа едукативна работилница со пензионерите во Штип.
Целта на работилницата, како што соопшти ФЗОМ, е да ги едуцира пензионерите за нивните права од областа на лековите и ортопедските помагала и можност да дадат свои предлози и идеи за поефикасно работење.
За едукација на пензионерите за прашања од областа на лековите презентација имаше Кристина Тосевска, од сектор фармација во ФЗОМ, а за остварување право на ортопедско помагало Ана Филиповски, од секторот контрола во ФЗОМ.
Оцени ја веста
31.01.2015 - 13:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









