Салиу: Нема поголеми штети од циклонот Давид

Циклонот Давид не остави штети зад себе во текот на ноќта и претпладневните часови во штипскиот регион, но и на територијата на цела држава, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.
Според Салиу, кој викендов претстојува во штипско, во Македонски Брод имало одронување околу мостот кај реката Треска, а одрони имало и на автопатот Скопје-Велес, кои се санирани и е патот е прооден.
- Поголем проблем имаше и околу радовишкиот регион, околу село Подареш и село Смиљанци. Во одредени места имаме јавување за паѓање на дрвја во реките, во едно штипско село имаше паднато бандера, но сето тоа е санирано, вели Салиу.
Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и на остантите институции ќе останат на теренот, каде што се можни излевање на реките.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









