„Петар Пан“ утре во Македонската опера и балет
Македонската опера и балет утре ќе одржи уште едно издание на популарната претстава за деца „Петар Пан“.
Петар Пан е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бери (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте.
Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.
Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Оцени ја веста
31.01.2015 - 11:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









