Изложба „Богатство на духот“ на абориџански уметници

 

Изложба „Богатството на духот”, со слики на повеќе абориџински уметници од областа Pitjantjatjara Yankunytjatjara, ќе биде отворена вечер во хотелот „Бистра Маврово“.

Абориџинската уметност е уникатна и ја претставува суштината на абориџинската култура, која заедно со јазикот е основата на културниот идентитет.

Во сликите се раскажува приказна во која се рефлектираат австралискиот пејсаж, боите, енергијата и различноста кои одекнуваат кај многу луѓе во светот.

Изложбата е во организација на Австралиската амбасада во Белград. 

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега