Денес истекува рокот за воведување фискални со ГПРС

Сите фирми кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово до денеска имаат рок да инсталираат фискален апарат со ГПРС.
Последните податоци покажуваат дека над 38 илјади успешно се регистрирани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања.
По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци-поединци) до 3.250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење дејност во објектот од 30 дена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









