МОН експресно го прифати дијалогот со универзитетите за реформи во високото образование

 

Министерството за образование и наука се огласи по денешниот предлог на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје кој му предлага на МОН во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегол предлог за нов закон за високо образование.

-Министерството за образование и наука е секогаш отворено за дијалог и за аргументирани идеи кои значат унапредување на високото образование и понатамошни реформи кои ќе бидат од интерес за сите чинители во образованиот процес.

Министерството, како што веќе и претходно беше јавно истакнато од наша страна, е подготвено во следниот период да организира процес на сеопфатна, стручна и темелна анализа со сите субјекти во оваа сфера, како и разгледување на најдобри практики и искуства во оваа сфера, процес од кој би можеле да произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование.

Веруваме дека понатамошното унапредување на квалитетот на високото образование е темелна определба на сите нас и истакнуваме дека предлогот на Сенатот на УКИМ го цениме како конструктивен, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега