ФОТО: Жителите на Старо Коњарево ќе добијат чиста и здрава вода за пиење

Градоначалникот на општина Ново Село Блажо Велков денес на терен изврши увид во градежните работи за доизградба на системот за водоснабдување Старо Коњарево.
-Градежните работи се при самиот крај со што граѓаните на ова населено место набрзо ќе добијат чиста и здрава вода за пиење. Старо Коњарево се наоѓа во падините на Беласица каде има изобилство на вода, но граѓаните истата не може да ја користат бидејќи постоечката водоводна мрежа е во многу лоша состојба, па оттука се јави потребата општина Ново Село да го реши овој горлив проблем, истакна Велков.
На јавниот повик на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој општината доставила проект за доизградба на водостабдителен систем кој бил прифатен.
Како што посочи градоначалникот, по спроведената тендерска постапка за доделување на договор, започнати биле градежните работи за реализација на овој проект согласно кој ќе бидат изградени нови водоводни линии во вкупна должина од 4.996 метри со сета потребна инсталација за истиот да биде ставен во функција.
Велков нагласи дека по завршувањето на градежните активности ќе се изврши тестирање на целиот систем и ќе биде извршена дезинфекција на истиот. Проектот се очекува да биде целосно завршен до крајот на март годината.
Градоначалникот на Ново Село потенцираше и дека се обезбедеи средтсва за приклучување на новиот резервоар во населеното место Мокрино со постоечката водоснабдителна мрежа, а планирана е реконструкција на водоводната мрежа и во Сушица.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








