Грчкиот портпарол на ЕК не знае дека не именуваат со „Македонија”, но инсистира на референцата

Портпаролот на Европската комисија, Гркот Маргаритис Схинас, не ја видел брошурата што ја подготвува прес-службата на неформалната Влада на Европската унија на чие чело се наоѓа тој, а во која за македонскиот министер за здравство Никола Тодоров, се наведува дека е „министер од Македонија”.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, дека има нешто чудно во употребата на терминот Македонија од страна на Еврокомисијата, посочува и написот во европскиот магазин „ЕУ-Њуз”, каде во текст со наслов „Не ФИРОМ, туку Македонија - Комисијата се лизга за името на државата”, италијанскиот новинар Емануеле Бонини го коментира овој потег на неформалната европска Влада и посочува дека се работи за можна промена на односите на Брисел кон Скопје и Атина.
- Не сум ја видел брошурата што ја споменувате, но ќе ве потсетам дека официјална позиција на Европската комисија е дека го користиме името поранешна југословенска република Македонија, истакна портпаролот на ЕК, Схинас, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел на денешната прес-конференција во зградата „Берлемонт”.
Сепак, во изјава за МИА, новинарот Бонини се сомнева дека се работи за случајна грешка, посебно што вели дека е ова првпат официјален Брисел во документ да употреби Македонија за нашата земја.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









